Ракометниот клуб Кувајт го засили својот состав со капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски, пред почетокот на Азиското клупско првенство. Со тоа Кузмановски стана четвртиот странец професионалец во овој клуб, и ќе игра на турнирот кој ќе се одржи од 6 до 15 јуни.
Покрај Кузмановски, Кувајт се засили и со Владан Липовина од Црна Гора, како и со португалскиот репрезентативец Виктор Итуриза. Целта е да се освои овој турнир.
Кувајт е во групата заедно со Ал-Наџма од Бахреин, Ал-Калиџ од Саудиска Арабија и Ал-Араби од Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
