Филип Кузмановски пред трансфер во Вецлар

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски е пред трансфер во Вецлар, пренесуваат германските медиуми.

Кузмановски во моментов е член на Хановер, но можно е набрзо да ја промени средината. Тој би му се придружил на Филип Миркуловски во Вецлар каде тој е помошник на хрватскиот стратег Хрвоје Хорват.

Кузмановски би можел да си замине од Хановер на половина година од истекот на договорот поради малата минутажа што ја добива оваа сезона од тренерот Kристијан Прокоп, а добрата форма од националниот тим на СП ќе се обиде да ја продолжи во тимот на Вецлар.

Битолчанецот, кој по настапите за матичниот клуб и за Металург, замина во Магдебург, а во 2020 дојде во Хановер по барање на Антонио Карлос Ортега и потпиша тригодишен договор. Но многу е веројатно дека нема да го одработи до крајот и ќе побара друга клупска средина.

Се вчитува...