Филип Лазаров замина кај Јоноски и Ангелов во Ратинген

Филип Лазаров од денеска и официјално е нов член на германскиот нисколигаш Ратинген, зголемувајќи ја македонската колонија во овој клуб чии членови од претходно се и Аце Јоноски и Петар Ангелов.

Левиот бек веќе подолго време беше во преговори со Ратинген, за официјалната промоција конечно да се одржи денеска, па Лазаров да почне со тренинзи со остатокот од тимот.

Филип Лазаров во својата кариера има настапувано за бројни тимови. Ланската сезона тој ја почна во дресот на Пелистер, но само неколку месеци подоцна си замина, по што реши кариерата да ја продолжи во Бешикташ.

Се вчитува...