Филип Младеновски и Катерина Луара Михајлов најдобри на вториот турнир во пинг-понг

Овој викенд се одржаа дури три Телеком Мастерс бодовни турнири во различни категории на кои земаа учество околу 120 учесници. На 25.02.2022 во Крива Паланка се одржа вториот Телеком Мастерс бодовен турнир во конкуренција до 15 години.

Кај момчињата Александар Јакимовски од Крива Паланка успеа да заврши прв совладувајќи го Лука Стојчев во финалето и со тоа се искачи на првото место на ранг листата со ист број поени како својот ривал Лука Стојчев.

1. Александар Јакимовски – ППК Крива Паланка
2. Лука Стојчев – ППК Шампион Фа
3. Андреј Стојановски – ППК Крива Паланка и Лука Дворник – ППК Рисови

Кај девојките имаше ист пресврт. Изабела Ковачовска од Берово која на претходниот турнир изгуби од Софија Хасану, сега и се одмазди и победи на турнирот. Сега двете го делат првото место на ранг листата со ист број поени.

1. Изабела Ковачовска – ППК Берово
2. Софија Хасану – ППК Крушево
3. Моника Стајковска – ППК Берово и Фани Јовановска – ППК Крушево

На 26.02.2022 во Крива Паланка се одржа вториот Телеком Мастерс бодовен турнир во конкуренција до 19 години. Александар Јакимовски иако е момче од категорија У15 сепак успеа да издвои и победа во повозрасната категорија до 19 години. Со оваа победа тој го зацврсти првото место на ранг листата.

1. Александар Јакимовски- ППК Крива Паланка
2. Теодор Волкановски – ППК Крушево
3. Нико Доага – ППК Крушево и Даниел Зхоу Главевски – ППК Пелагонија

И во женска категорија Ана Стојановска од Крива Паланка со оваа победа го зацврсти првото место на ранг листата.

1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
2. Софија Хасану – ППК Крушево
3. Катарина Лаура Михајлов – ППК Телеком Нец 2 и Васе Богоеска – ППК Крушево

За крај на неделата на 27.02.2022 се одржа и вториот Телеком Мастерс за сениорска конкуренција во Берово. Конечниот пласман е следниот:

Мажи:

1. Филип Младеновски – ППК Шампион Фа
2. Дамјан Стојчев – ППК Шампион Фа
3. Александар Марковиќ – ППК Вардар и Антонио Стомнароски – ППК Младост 96

Жени:

1. Катерина Лаура Михајлов – ППК Телеком Нец 2
2. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
3. Амелија Николов – ППК Шампион Фа и Бојана Михајловска – ППК Рисови

Се вчитува...