Филип Недев освои бронза на Европскиот шампионат за деца во традиционално карате (ФОТО)

Македонскиот каратист Филип Недев освои трето место во кати за деца од 10-11 години на Европскиот шампион за деца што се одржува во Шчечин, Полска.

Филип беше фаворит за освојување и на златниот медал но за жал овој пат немаше среќа за посјајно одличје.

Претходно во исклучително силна конкуренција Камелија и Тадеј Недев за влакно не успеаја да дојдат до медал на првенството, и двајцата завршувајќи на четвртото место. Софија Јарчевска го освои шестото место во кати за деца од 12-13 години.

Се вчитува...