Филип Петрушев не oстана ниту два дена во ЛА Клиперс

Српскиот кошаркар Филип Петрушев кариерата ќе ја продолжи во Сакраменто Кингс. Како што пренесува „ЕСПМ“, српскиот репрезентативец нема да остане во Лос Анџелес Клиперс, туку шанса ќе бара во Сакраменто.

Петрушев дојде во Клиперс како дел од трејдот во кој главно име беше Џејмс Харден. Петрушев играше за Мега, Ефес и Црвена Звезда во Европа, пред да дојде во Филаделфија ова лето.

Се вчитува...