Филип Поповски делегат на мечот Чешка – Англија, Александар Ставрев контролор во Грузија

Продолжува довербата на комисиите на УЕФА кон претставниците на Фудбалската федерација на Македонија. Веќе објавивме дека Емил Божиновски ќе биде контролор на судењето на натпреварот во Тирана меѓу Албанија и Белорусија, на 26 септември во првото коло во Лигата на нации, а веќе нови задачи добија и Филип Поповски и Александар Ставрев.

Поповски ќе биде делегат на мечот меѓу Чешка и Англија што ќе се одигра во Прага на 29 септември. Во оваа група се и репрезентациите на Хрватска и Шпанија. Поповски веќе еднаш беше делегат на репрезентацијата на Англија, на финалниот меч на последното Европско првенство против Шпанија.

Александар Ставрев ќе патува за Тбилиси каде на 28 септември ќе го контролира судењето во рамките на Лигата на нации меѓу репрезентациите на Грузија и Украина. Во оваа група се уште Унгарија и Северна Ирска. Тој во 2023 година беше првпат контролор на судењето на репрезентацијата на Грузија против Шпанија во квалификациите за ЕП, додека кога беше судија, и судеше на Грузија против Литванија и Албанија. На мечевите на Украина досега не бил контролор.

M.M.

Се вчитува...