Стартуваа натпреварите во Лигата на Европските шампиони кои ќе се играат по новиот систем кој ќе донесе многу повозбудлив и поинтересен фудбал. Oвој систем уште на стартот не може да мине без претставници на Фудбалската федерација на Македонија. Таа чест ја имаше Филип Поповски кој синоќа во Белгија беше делегат во првото коло меѓу белгискиот шампион Клуб Бриж и германскиот гитант Борусија Дортмунд /0:3/.
Филип Поповски има голем рејтинг во „куќата на фудбалот„ во УЕФА . Само да потсетиме, тој беше прв македонски фудбалски функционер кој беше делегат на едно финале на Европско првенство. Таа функција ја имаше годинава во Германија, во финалето мегу Шпанија и Англија на 14 јули. На истото првенство беше делегат и на мечевите меѓу репрезентациитена Турција и Холандија, Италија – Швајцарија, Шпанија – Хрватска, Полска –Австрија, Холандија – Австрија.
Пред да стане делегат на УЕФА, Поповски успешно беше цели три сезони организационен директор на сите мечевите на Милан, на стадионот Сан Сиро во Лигата на европските шампиони. И тоа на натпреварите со Атлетико Мадрид, Порто, Тотенхем, Динамо Загреб,Манчестер јунајтед, со Интер…
Делегатската улога синоќа ја имаше и вториот наш претставник во УЕФА Васко Дојчиновски. Тој на стартот во Лигата на европските шампиони за млади фудбалери до 19 години, таа улога ја имаше во Париз на средбата Пари Сен Жермен-Џирона /0:2/.
М.М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА