Филип Талески најдобар лев бек во Ц и Д групите во ЛШ

Филип Талески доби уште едно убаво признание за успешните настапи во Лигата на шампионите во дресот на Металург. Македонскиот репрезентативец кој на полусезоната се пресели од Металург во Рајн Некар Левен, е избран за најдобар лев бек во идеалниот состав на играчи што настапуваа во екипите од Ц и Д групите во Лигата на шампионите.

На девет натпревари од групната фаза во ЛШ, Талески постигна 41 гол. На неколку натпревари беше лидер во нападот на Металург. Посебно се истакна во дуелот од првото коло против Елверум на кој 20-годишниот бек сам му донесе победа на Металург постигнувајќи 13 од вкупните 18 гола на својот тим (18-17). Двоцифрен учинок, Талески имаше и во победата против Татран Прешов (26-20) кога постигна 10 гола.

Во најдобриот состав од Ц и Д групата се: голман: Сирил Думулин (Нант), лево крило: Магнус Браминг (Холтесбро), лев бек: Филип Талески (Металург/ РНЛ), среден бек: Николас Клер (Нант), десен бек: Јуре Доленец (Монпелје), десно крило: Давид Балагер (Нант), пикер: Лудовик Фабрегас (Монпелје)

Се вчитува...