Филипе Луис ја продолжи низата победи на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид оствари важна победа на домашен терен совладувајќи го Реал Сосиедад со 1-0. Со тоа тимот на Диего Симеоне се зацврсти на третата позиција на табелата со 61 бод и во победничко расположение ќе го дочека градското дерби со Реал Мадрид овој викенд.

Филипе Луис во 28.минута беше стрелец на единствениот гол на овој меч, кој му донесе три бода на Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ беа подобар ривал, имаа уште неколку одлични шанси, но гостинскиот голман Џеронимо Рули беше фантастичен на голот на Реал Сосиедад.

Filipe Luis Goal HD – Atl. Madrid 1-0 Real… by enteritament

Се вчитува...