Финале пред финалето на УС Опен – Тим си закажа дуел со Медведев кој е без загубен сет

Данил Медведев против Доминик Тим како и Карено Буста со Александар Зверев се полуфиналните двојки на УС Опен.

Финале пред финалето ќе биде пресметката меѓу Тим и Медведев кој игра феноменален тенис, досега без ниту еден загубен сет на турнирот. Медведев во четвртфиналето го победи сонародникот Андреј Рубљев со 7-6,6-3,7-6.

Доминик Тим, пак, во четвртфиналето го прегази Алекс Де Минаур со 6-1,6-2,6-4.

На женскиот турнир во полуфиналето ќе се соочат Британката Џенифер Брејди против Наоми Осака, како и Серена Вилијамс со Викторија Азаренка.

Се вчитува...