Финалето на Копа Либертадорес во Буенос Аирес

Финалето на најголемото фудбалско натпреварување во Јужна Америка, Копа Либертадорес ќе се одржи во ноевмри во главниот град на Аргентина, Буено Аирес, објави Јужноамериканската фудбалска конференција.

Стадионот домаќин дополнително ќе биде одбран, но претпоставките се дека тоа ќе биде „Естадио Монументал“, домот на Ривер Плата кој има капацитет од нешто повеќе од 84 илјади навивачи.

Тоа воедно ќе биде и прв пат главниот аргентински град да биде домаќин на натпреварувањето откако во 2019 година беше променет форматот на натпреварувањето, финалето да го одлучува еден натпревар.

Се вчитува...