Фудбалскиот сојуз на Србија поднесе кандидатура за новиот Национален стадион во Белград да биде домаќин на финалето на Лигата на Европа во 2028 година, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА) .
Покрај главниот град на Србија, за финалето на Лигата на Европа во 2028 година се натпреваруваат и Франција со стадионот во Лион и „Паркот на принцовите“ во Париз, Италија со стадионот на Јувентус во Торино и Романија со Националниот стадион во Букурешт.
Номинациите не се обврзувачки, а конечните предлози мора да се достават со потребната документација до 10 јуни 2026 година. Извршниот комитет на УЕФА ќе го одреди домаќинот на финалето на Лигата на Европа во 2028 година во септември 2026 година.
Белград исто така е кандидат и за организација на финалето во Лигата на Европа во 2029 година, ако не успее да го добие година претходно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

