Финансиска криза во Барса – Заборавете на лет со авион, отсега ќе патувате со автобус

Барселона пред два дена повторно се мачеше во Ла Лига, а овој пат против тимот на Хуеска, сепак на крај тимот од Каталонија успеа да обезбеди победа со минимален резултат од 1: 0.

За шпанската јавност поголемо внимание предизвика информацијата за патешествието на Барса. Имено, Каталонците патувале со автобус, а играчите веќе долго време немале ваков транспорт од еден до друг град.

Хуеска не е толку далеку од Барселона, околу 300 километри или три часа возење, но дури и до такви дестинации Каталонците секогаш патувале со авион. „Мундо Депортиво“ пишува дека финансиската состојба во клубот е многу лоша и дека клубот решил да заштеди пари. Па, овој потег донел заштеда во клубот за околу 30 илјади евра.

Ваквата одлука на челните луѓе во Барселона, сега најавува дека играчите треба да заборават на комфорноста, па треба да се навикнат во иднина на патување со автобус.

Се вчитува...