Финансиската криза удри и по најбогатите: Манчестер Сити не може да си дозволи напаѓач!

Како што се наближува летниот трансфер рок, се почести се гласините за нови засилувања во таборите на големите клубови. Еден од нив секако е Манчестер Сити кој ова лето и дефинитивно ќе остане без услигите на Серхио Агуиесто чиј договор истекува на крајот на сезоната.

Медиумите на „Островот“ најавија сензационални трансфери во редовите на „граѓаните“, каде во преден план беа Ерлинг Халанд и Хери Кејн, меѓутоа тренерот на Сити, Пеп Гвардиола ги отфрли овие „идеи“, а како главна причина ја наведе финансиската ситуација.

„Голема е веројатноста дека нема да доведеме нов напаѓач ова лето. Имаме доволно играчи во првиот тим во моментот, а и неколку интересни млади фудбалери од академијата. Поради економската ситуација во светот, најверојатно нема да доведеме нов напаѓач. Со овие цени, невозможно е. Сите клубови се мачат финансиски оваа година, а и ние не сме искучок“, изјави тренерот на Манчестер Сити.

 

Се вчитува...