Финска не беше многу „фина“, дозволи само сет за Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Македонија го одигра првиот историски меч на европските одбојкарски шампионати, освои прв историски сет, но немаше сили за триумф на дуелот против Финска. Загуби со 3-1 во сетови, иако во сите четири сегменти имаше водство во одредени делови од сетовите. Сепак, избраниците на Никола Матијашевиќ мораа да се задоволат со еден сет на премиерата во Љубљана.

Нема многу време за жалење и за анализи, затоа што веќе утре следи нов голем предизвик, натпреварот против Турција, во ист термин, 17.30 часот, во арена „Стожице“.

 

Се вчитува...