Финска совладана – кадетките се во полуфинале на ЕХФ шампионатот во Литванија

Македонската женска кадетска репрезентација се пласираше во полуфиналето на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Литванија откако ја совлада Финска со 21-10 и го освои второто место во групата А2.

Денешниот меч за репрезентативките до 17 години беше целосно изедначен. Првото полувреме заврши со резултат 11-11, а Македонките до победа стигнаа со пресврт откако имаа и негатива од два гола при крајот на мечот.

Кадетките во полуфиналето од шампионатот во Клаипеда ќе се сретнат со Полска.

Се вчитува...