Финците ја преслушаа Грција, Турците подобри од Белгија

Грција е непријатно изненадување на Евробаскет 2017, а тоа го искористи репрезентацијата на Финска и ја совлада со 89-77. Во Хелсинки, пред домашна публика, мотивираните кошаркари на Финска заиграа одлично уште на стартот и ја добија првата четвртина со 23-14, а на полувреме веќе имаа двоцифрена предност (45-33). Грција не се снајде најдобро ниту на овој меч и забележа уште еден пораз.

Петери Копонен со 24 постигнати поени беше предводник во националниот тим на Финска.

Турција славеше над Белгија со 78-65, а Коркмаз со 14 поени беше најефикасен во победничката селекција. Германија ја совлада Италија со 61-55, а Шпанците очекувано беа подобри од Хрватска (79-73). Србија стигна до триумф против Велика Британија (82-68), а Франција тесно славеше против Полска (78-75).

Се вчитува...