Фиорентина без тренер – Пиоли си поднесе оставка

Фиорентина се соочува со хаос пред клучниот дел од сезоната откако Стефано Пиоли реши да си замине 24 часа откако доби целосна поддршка од управата на клубот. „Виолетовите“ забележаа само една победа во последните единаесет натпревари, а по поразот на домашен терен од Фросиноне навивачите гласно бараа тренерска смена.

Раководството реши да не ги послуша верните фанови и синоќа издаде соопштение со кое му даде безрезервна поддршка на својот стратег, за денеска самиот Пиоли да ги изненади и да се повлече од функцијата шеф на стручниот штаб.

Негов наследник ќе биде Емилијано Биџика, кој досега работеше со младинскиот тим на Фиорентина, и под чие водство „виолетовите“ ќе се обидат да стигнат до финалето во Купот на Италија, каде во полуфиналето за ривал ја имаат Аталанта.

Се вчитува...