Фиорентина доживотно ќе се грижи за семејството на Давиде Астори

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина направи потег за респект. Раководството на „виолетовите“ одлучи да го продолжи перманентно договорот и платата на трагично починатиот Давиде Астори да продолжи да ја исплаќа во целост на неговото семејство. Неговата смрт ја шокираше фудбалска Европа, а Фиорентина покажува дека фудбалот е многу повеќе од само игра на теренот.

Клубот ќе се грижи и ќе помага и за обрзаованието на децата на Астори.

Се вчитува...