Фиорентина е првиот финалист во Конференциската лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на италијанската Фиорентина се првиот учесник во финалето на третото по ранг европско натпреварување, Конференциската лига, откако денеска ремизираа 1-1 на гостувањето кај Клуб Бриж па со тоа ја задржаа предноста од (3-2) од првиот меч одигран во Фиренца.

Домаќините на овој дуел поведоа со 1-0 со погодокот на Ванакен уште во 20. минута од натпреварот. Голот вреден финалет за „виолетовите“ беше дело на Белтран во 85. минута од натпреварот.

За Фиорентина ова е второ финале во Конференциската лига, откако минатата сезона беа поразени од Вест Хем со 2-1. Во големото финале кое ќе се игра во Атина Фиорентина за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Олимпијакос и Астон Вила.

Club Brugge 1 – [1] Fiorentina – Lucas Beltran 84′ (Penalty) [3-4 agg.]
byu/etclassico insoccer

Се вчитува...