Фиорентина фуриозно ја реши Рома – „Волчицата“ си ги замрси сметките во битката за пласман на европската сцена (ВИДЕО)

Фиорентина ја „збриша“ Рома за неполни седум минути со победа од 2-0, во рамки на 36. коло од италијанската Серија А.

Домаќините уште во 5. минута го отворија резултатот преку Николас Гонзалес, кој беше прецизен од белата точка за прво водство на Фиорентина. Џакомо Бонавентура во 11. минута си направи одличен простор за шут, испрати пласирана топка која по вторпат ја затресе мрежата на „Волчицата“.

Овој резултат од 2-0 се покажа и како конечен по одиграните официјални 90. минути. По ваквиот исход, Рома среде Фиренца си ги замрси сметките откако дозволи да биде поразена, па на две кола до крајот на сезоната ја чека неизвесност во битката со Аталанта и Фиорентина за пласман на европската сцена.

 

https://v.fodder.gg/uploaded/1652122822.mp4#t=0.1

 

 

 

Се вчитува...