Фиорентина го гледа Несторовски како наследник на Калиниќ

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина е сериозно заинтересиран за ангажман на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во летниот преоден рок. Раководството на „виолетовите“ процени дека Нестор-гол би бил идеален наследник на Никола Калиниќ, за кого постои интерес од кинеските клубови кои му нудат баснословни суми за заминување на Далечниот Исток.

Несторовски и Трајковски со Палермо се борат грчевито да обезбедат опстанок во Серија А, но засега се далеку од исполнување на целта. Но, Несторовски е убедливо најдобриот фудбалер на овој тим сезонава, со десет постигнати гола.

За Нестор-гол постои одреден интерес и од Наполи во Италија, но и од шпанските клубови Севилја и Атлетико Мадрид. Досегашниот претседател на Палермо, Маурицио Зампарини, за него одреди цена од околу 20 милиони евра.

Се вчитува...