Фиорентина и Вест Хем без голови на полувреме во финалето на КЛ

Фиорентина и Вест Хем играат без голови 0-0 во финалето на второто издание на Конференциската лига кое се игра на „Еден арената“ во Прага.

Фиорентина беше за нијанса подобар противник на стартот на првото полувреме. Го имаше поседот на топка и неколку полушанси, но не успеа да ја затресе мрежата на Вест Хем.

Како изминуваше првиот дел така Англичаните играа се подобро, па во финишот на првите 45 минути имаа неколку полушанси, но и тие не успеаја да ја затресат мрежата.

Во финишот на првото полувреме Фиорентина постигна гол преку Лука Јовиќ, но тој беше поништен поради офсајд.

Nicolás González pretends to drink a beer from the stands
by u/luh_shmunky in soccer

Се вчитува...