Фиорентина освои бод, во 100. минута, со ВАР-одлука

Фиорентина се спаси од пораз против Интер и ремизираше 3-3, откако постигна гол од пенал во 100.минута, отако судијата Абисо прегледуваше видео-снимка со ВАР-технологијата. На крајот, беше досуден пенал за игра со рака на Д’Амбросио, а пеналот го реализираше Верето.

Фиорентина поведе експресно со автоголот на Де Врај во првата минута, но Интер се опорави брзо, пет минути подоцна, кога возврати Весино. Политано донесе и предност за Интер во 40.минута.

Иван Перишиќ од пенал во 52.минута зголеми на 2-3, а Мјуриел даде надеж за „виолетовите“ во 74.минута од дуелот. И на крајот, голема драма, пенал за Фиорентина и реми (3-3).

Се вчитува...