Раководството на Фиорентина по трите еднопопдруго порази во Серија А се одлучи да му врачи отказ на Фабио Гросо, кој летово беше ангажиран со огромни амбиции од „виолетовите“.
Тимот од Фиренца има кошмарен старт на првенството со порази од Рома (0-4), новајлијата Фросиноне (0-3) и Торино (1-1), па менаџментот на клубот одлучи дека е време за отказ.
Причина за разделбата се и сериозните несогласувања меѓу Гросо и спортскиот директор Фабио Паратичи.
Најсериозно име, како што пренесуваат италијанските медиуми, за наследник на Гросо е Тијаго Мота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
