Фиорентина сака Несторовски да го наследи Калиниќ

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина е сериозно заинтересиран за ангажман на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски и подготвен е да го купи во летниот преоден рок како наследник на Хрватот Никола Калиниќ, пишува „Кориере дело спорт“. Тој е прв стрелец на „виолетовите“ оваа сезона со 14 постигнати гола, а за него има огромни понуди од Кина.

nestorovski so sampdorija

Фиорентина би можела да го продаде Калиниќ за сума од 50 милиони евра, и дел од тие средства, околу 20 милиони евра да вложи во ангажманот на Илија Несторовски. Македонскиот репрезентативец е единствена светла точка во Палермо оваа сезона, со десет постигнати. Евидентно е дека тимот ќе испадне во Серија Б, а тоа ќе биде и уште еден повод за Несторовски да направи чекор напред во кариерата и да го облече дресот на „виолетовите“.

Се вчитува...