Фиорентина повторно катастрофално ја стартува сезоната во Калчо-лигата, доколку за премиерниот пораз на „Олимпико“ од Рома можеше да се каже дека е поради квалитетот на противникот тогаш „виолетовите“ немаат таков изговор за денешното фијаско, на домашен терен губејќи од Фросиноне со убедливи 0-3.
Навивачите се надеваа на победничка премиера на „Артемио Франки“, но доживеаја уште едно непријатно изненадување откако Фросиноне на паузата веќе имаше водство од 0-2 со головите на Раимондо и Бракаља. Сите надежи за камбек исчезнаа во вториот дел, кога Раимондо со својот втор гол за запечати победата на гостинскиот состав.
Сасуоло во интересен дуел славеше над Торино со 2-1, со погодокот на Берарди во 78. минута.
Удинезе како гостин стигна до цел плен против Монца триумфирајќи со 2-3, Пјотровски, Камара и Екеленкамп беа стрелци на погодоците за победничкиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
