Фисник Зука од Ренова се сели во Македонија ЃП

Досегашниот член на Ренова, левиот бек Фисник Зука се сели во редовите на Македонија ЃП. Тој треба да биде замена за Давид Атанаскоски, кој што вчера беше промовиран во редовите на Партизани Тирана.

Зука ќе биде четвртото засилување за „лавовите“, после Александар Ѓорѓиески, Бојан Илиевски и Христијан Пецов.

Во следните денови треба да се официјализира и потписот на Џон Мена, исто така од редовите на Ренова.

Зука во минатото покрај Ренова, играше и за Шкупи и за Работнички.

Се вчитува...