Фјури бара гаранции за натпреварот против Џошуа: Кога ќе ги видам парите на маса ќе влезам во ринг

Тајсон Фјури сè уште нема потпишано договор за борба против Ентони Џошуа, борба која ќе ја реши дилемата за апсолутен светски шампион во супертешка категорија. Според промоторот Френк Ворен, причината е што Фјури чека да добие гаранции дека парите ќе бидат иплатени.

Според вербалниот договор, вкупниот фонд на награда за оваа борба ќе изнесува околу 150 милиони долари.

„Договорот може да се потпише само ако двете страни се согласат. Засега, Тајсон Фјури не сака да ризикува. Тој сака гаранции од банката дека ќе ги добие парите. Штом ја добие таа потврда, нема да има повеќе проблеми“, рече Ворен.

Попладнево беше објавено дека борбата ќе се одржи во Саудиска Арабија, на 7 или на 14 август, а се очекува во најскоро време да бидат задоволени и финансиските барања на Фјури, за истата и официјално да биде закажана.

Тајсон Фјури е шампион во категорија ВБЦ. Досега тој имаше 31 борба во својата кариера и неговиот резултат е 30 победи и едно реми. Џошуа ги држи ремените во верзиите „WBA“, „IBF“ и „WBO“. Во 25 борби оствари 24 триумфи со еден пораз.

Се вчитува...