Фјури го нокаутираше Вајт во спектаклот на Вембли

Спектакуларната борба на Вембли заврши со победа на Тајсон Фјури кој остана непоразен и во својот 33ти професионален меч. Фјури го победи Дилан Вајт со нокаут во шестата рунда до кога се гледаше “приспивна”, но Фјури го размрда Вембли со одличен аперкат, по кој Вајт не можеше да продолжи.

На најголемиот англиски стадион имаше 94 илјади гледачи кои малку беа разочарани до таа шеста рунда. Двајцата борци влегоа внимателно и со меѓусебен респект, а како осминуваше мечот Фјури воспостави доминација, додека Вајт немаше многу напади.

Фјури дојде до 32 победа во 33 настап. После борбата потврди дека веројатно тоа ќе му биде последен настап. Вајт, пак, го претрпе третиот пораз.

Се вчитува...