Фјури: Јас сум број еден, Вајлдер е идиот

Тајсон Фјури славеше во борбата на векот против Дионте Вајлдер, откако го нокаутираше Американецот во 11. рунда во Лас Вегас.

По мечот тој во свој стил, прво се испофали самиот, а потоа повторно го навреди својот противник.

„Двапати бев на подот, но успеав да се извлечам. Ќе повторам јас сум број еден, тој може да биде само втор. Немојте никогаш да се сомневате во мене. По борбата му пријдов и му честитав за одличниот меч, тој не сакаше да ми честита. Вајлдер е идиот“, изјави Фјури. 

Со победата Фјури ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата.

Се вчитува...