Фјури ќе ги донира сите пари од борбата со Вајлдер

Тајсон Фјури ќе го донира сите пари што ќе ги заработи од борбата со Деонтај Вајлдер. Се очекува заработката на поранешниот светски шампион да биде огромна, ќе добие чек со седум цифри за борбата во која го предизвикува актуелниот првак во супертешка категорија в сабота во Лос Анџелес.

„Ќе ги дадам на сиромашните и ќе изградам домови за нив. Не планирам да стана милјардер. Јас сум боксер и ќе завршам како и сите боксери, скромно“ – вели Фјури.

Тајсон Фјури веќе има четири деца, а петтото е на пат. Но според него тој не треба да им го остави богатството, туку тие треба сами да си заработуваат.

 

 

 

Се вчитува...