Фјури: Мастурбирам седум пати дневно поради Вајлдер

Британскиот боксер Тајсон Фјури изјави дека за мечот со Дионте Вајлдер се подготвува максимално професионално, а откри и еден необичен детаљ.

„Мастурбирам седум пати на ден и така редовно го пумпам тестостеронот, додека се подготвувам за Вајлдер. Ова ми е прв тренинг камп во десет години во кој не се напив ниту една диетелна кока-кола. Нема да се напијам ниту по борбата. Ова е прв тренинг камп во кој уште во 21:30 одам на спиење. Навистина сум посветен и сакам максимално да бидам подготвен за борбата“, изјави Фјури. 

Борбата е закажана за 22. февруари, а двајцата боксери се сретнаа во декември минатата година, борба која заврши без победник. Фјури досега во кариерата има 29 победи и едно реми, додека Вајлдер запиша 42 победи и едно реми.

Се вчитува...