Фјури најави пензија: Дадов ветување на сопругата, а јас сум човек од збор

Тајсон Фјури уште еднаш ја потврди доминацијата на боксерската сцена со извонредната борба на „Вембли“ во која британскиот ас го нокаутиаше Дилијан Вајт.

Британската јавност го славеше својот херој, публиката на трибините беше во еуфорија, кога Фјури го  најави своето пензионирање, истакнувајќи дека оваа борба речиси сигурно е последна во неговата кариера.

„Мислам дека ова најверојатно е последната борба за „кралот на циганите“. Минав премногу време на овој пат, остварив се што некогаш сум посакал. Ќе се пензионирам како втор тешкаш кој не претрпел ниту еден порази, исто како Роки Марчиано. Дадов ветување на сопругата дека борбата со Вајлдер ќе ми биде последна. И требаше да биде така, но потоа добив понуда да се борам на „Вембли“, почувствував дека им го должам тоа на фановите. Победа со нокаут на Вембли, не постои подобар начин да се напушти големата сцена. Јас сум човек од збор и мислам дека овојпат ќе останам на она што и го ветив на сопругата“, изјави 33-годишниот Фјури.

Се вчитува...