Фјури: Ух, тој Вајлдер е страшен…, двапати бев на под, но мислам дека јас сум победник!

Британецот Тајсон Фјури имаше одлична борба против Деонтај Вајлдер во мечот кој заврши без победник, а по кој Вајлдер го одбрани појасот во ВБЦ верзијата во тешка категорија.

Но, Фјури смета дека тој е победник затоа што доминирал во 10 од 12 рунди во мечот…

„Дојдов во туѓа земја, двапати бев на под но мислам дека јас ја добив борбата. Бог да ја благослови Америка и Деонтај Вајлдер кој е вистински боксер. ‘Џипси кинг’ се врати… А, тој Вајлдер. Ух… Страпшен е, вистински шампион и голем човек. Како се опоравив по оној нокаут во 12-та рунда? Па, јас сум борец до крај, црпам сила од Исус и немаше шанси да останам на под“ – рече по мечот Фјури и дополни:

„Искрено јас мислам дека јас го добив мечот. Вајлдер мисли дека тој го добил, па нека навивачите одлучат на крајот!“

Се вчитува...