ФК Партизан доживеа невиден срам – „Црно-белите“ примија четири парчиња на домашен терен

Фудбалерите Партизан доживеаја срам каков што одамна им се нема случено откако во 21. коло прво од пролетниот дел од сезоната во Српската суперлига загубија на домашен терен од претпоследниот на табелата  Младост ГАТ со убедливи 0-4.

Гостите им одржаа неверојатна лекција по фудбал на големите фаворити. Со головите на Американецот Гало во 4, Бразилецот Дал Бел во 11., капитенот Новица Максимовиќ во 54. од пенал и Немања Милиќ во 58. минута Младост ја круниса апсолутната доминација и заслужено ја покори „Хумска“.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...