ФК Пелистер ја продолжи соработката со тројца фудбалери

Maкедонскиот фудбалски второлигаш Пелистер продолжува со градењето на тимот за следната сезона откако денеска беше продолжена соработката со Грозданоски, Стојановски и Крстевски.

Клубот ја продолжува соработката со искусниот Христијан Грозданоски, кој со своето искуство, квалитет и професионален пристап останува важен дел од зелено-белиот состав.
Продолжува соработката и со младите фудбалери Христијан Стојановски и Габриел Крстевски, кои веќе беа дел од првиот тим и со своите настапи покажаа дека претставуваат важен дел од иднината на Пелистер.

„Со комбинација на искуство и младост, клубот продолжува да го гради составот кој ќе ги брани боите на Пелистер и ќе одговори на предизвиците во сезоната која следува. Раководството на клубот и стручниот штаб продолжуваат со активностите околу комплетирањето на екипата, со уште нови информации кои следуваат во периодот пред нас“, стои во соопштението на ФК Пелистер. 

Се вчитува...