ФК Работнички влегува во е-спортот

По примерот на најголемите европски и балкански клубови, ФК Работнички и официјално е дел од Е-спорт.

Од 25. март, Работнички Еспорт ќе учествува во најсилната балканска лига во  „Е-фудбал 3 vs 3“, во која ќе се натпреварува против најсилните еспорт екипи на Балканот, Партизан, Црвена звезда Будуќност, Марибор, Истра…

Натпреварите ќе се пренесуваат на ТВ Арена Еспорт секој понеделник со почеток во 20 часот. Тимот ќе го предводи Армин Мандал како капитен заедно со соиграчите Марко Миниќ, Јакуп Максути, Томислав Халузан, Ниметула Даути и Бенјамин Аслани.

 

Се вчитува...