Флик ги откри адутите – Германците со моќен тим доаѓаат во Скопје

Германскиот селектор Ханси Флик го објави списокот за октомвриските квалификациски натпревари за СП 2022, во кои Германците најпрвин ќе ја пречекаат Романија, а потоа на 11 октомври ќе гостуваат против Македонија во Скопје.

Флик се соочи со неколку проблеми во изминатиот период, па во тимот ќе го нема левиот бек Госенс, како и Илкај Гундоган, кој се повреди пред извесно време при настапите за Манчестер Сити.

Во составот на Германија ги нема и двајцата фудбалери на Борусија Дортмунд, Дахуд е повреден, додека Хумелс не е дел од плановите на селекторот поради беспрекорното функционирање на тандемот Зуле – Рудигер на претходните средби.

Германците сепак имаат моќен состав во кој доминираат играчите на Баерн Минхен како Горецка, Кимих, Милер, Сане, а тука се наоѓаат и младите Адејеми (Салцбург), Вирц (Баер Леверкузен) и Мусиала (Баерн Минхен).

Се вчитува...