Флик: Имаме јасна цел – да победиме и да се пласираме на СП

Селекторот на Германија, Ханс Флик на денешната прес-конференција пред заминувањето во Македонија, зборуваше повеќе за критиките упатени кон Тимо Вернер, отколку за натпреварот со Македонија кој се игра утре во Скопје.

„Ние сме сите зад Тимо Вернер. Тој ја има нашата поддршка, и мислам дека она што му го прават не е фер“, рече Флик, а истото го повтори и Серж Гнабри.

Флик зборуваше и за проблемите околу составот, повредите на Нојер, Ридигер и дали Милер или Ројс ќе добие шанса во Скопје.

„Ридигер не тренираше денеска, но тоа е превентивно. Нојер го издржа последниот тренинг и претпоставувам дека ќе биде подготвен утре. Околу тоа дали Милер или Ројс ќе настапи, ќе одлучиме пред самиот меч. Не знам со кој состав ќе играме, но сигурен сум дека ќе составиме тим за победа над Македонија. Нашата цел е јасна. Да излеземе, да одиграме најдобро што можеме и да победиме“, изјави Флик.

Се вчитува...