Флик: Кога го скршивме противникот, после беше полесно

Ханс Флик, селекторот на Германија после натпреварот со Македонија го искажа мислењето на капитенот Мануел Нојер дека првиот гол бил клучен за победата во Скопје.

„Среќен сум, успеавме да се квалификуваме на СП. Ние сме првата земја која е веќе патник за СП. Имавме малку проблеми со реализацијата на шансите, но во вториот дел дојде се на свое место и успеавме да го добиеме овој натпревар. Кога го скршивме отпорот, после беше се полесно, и така очекувавме да биде. На Тимо Вернер му ја укажав довербата и се оддоложи со два гола и заслужи да го носи дресот на нашата репрезентација. Со него добиваме сигурност во играта. Патот до Катар е долг, ќе работиме напорно да може да бидеме подготвени за Мундијалот“, изјави Флик.

Остануваат уште два меча, а на прашањето дали на последните два меча ќе повикува други играчи, Флик одговори:

„Имавме успешни квалификации. Сега ќе ја гледаме состојбата во Бундеслигата, и ќе видиме како ќе биде на следните натпревари и дали ќе повикаме некои други играчи за последните два меча“, рече Флик.

 

Се вчитува...