Флик: Милион пати го анализирав мечот во Дуизбург, тешко дека овој пат ќе можат да го реализираат својот план

Македонија по вчерашната убедлива победа над Лихтенштајн (0-4) се подготвува за мечот против Германија на 11. октомври. Германците вчера потешко од очекуваното успеаја да се извлечат против Романија и да слават со 2-1 по пресврт.

Селекторот на „панцирите“, Ханси Флик вели дека многу пати го анализирал мечот од Дуизбург во кој Македонија славеше со 1-2 велејќи дека овој пат нема да дозволат „црвено-жолтите“ да ги реализираат своите планови.

„Многу пати го анализиравме првиот меч во Дуизбург и победата на Македонија од 1-2. Тие знаат одлично да се бранат, но истовремено и секогаш го гледаат противничкиот гол. Но, ако ние не направиме грешки, тешко дека ќе можат да го реализираат таквиот план“, изјави Флик.

Натпреварот кој е закажан за 11. октомври на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе биде со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...