Барселона дојде до посакувана победа на гостувањето против Селта во Виго со 2-4 благодарение на хет-трикот на Роберт Левандовски во 12. коло од Ла Лига.
По мечот тренерот на Каталонците, Ханси Флик изјави дека секогаш се радува на победи пред репрезентативната пауза.
„Одигравме добар натпревар, а во второто полувреме се браневме подобро. Фудбалот е секогаш таков, не е важно што си направил претходно. Второто полувреме ни дава самодоверба за следните натпревари. Гледаме само кон себе. Добро вршевме притисок и задоволен сум од тимот. Ние се фокусираме на сопствената игра. Секогаш е убаво да се победи пред паузата за репрезентативните натпревари“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

