Флик за грешката на голманот: И тоа е дел од фудбалот, таков е нашиот стил на игра

Барселона со резултатски пресврт стигна до бодовите на гостувањето против Овиедо, па тренерот Ханси Флик можеше да здивне откако неговиот тим потешко од очекувањата избегна „кикс“ против новиот прволигаш.

Барса потфрли во првото полувреме, примајќи гол од 40 метри по грешката на голманот Жоан Гарсија, но Флик имаше само пофални зборови за чуварот на мрежата кој летово дојде од Еспањол и експресно се наметна како прва опција.

„Грешките се составен дел од фудбалот, може да се случат секому, а голманите се секогаш на удар во такви ситуации. Воопшто не сум загрижен, таков е нашиот стил на игра во одбраната, голманот има за задача понекогаш да истрчува од шеснаесетникот. Никој не се сомнева во Жоан Гарсија и неговите квалитети, тој со одбраните во финишот покажа колку е значаен за нас“, истакна Флик.

Барселона има два бода заостанување во однос на лидерот Реал Мадрид, каталонците викендов ќе го пречекаат Реал Сосиедад, додека „кралевите“ ги очекува голем предизвик – градско дерби со Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“.

Се вчитува...