Шкендија го врати во своите редови играчот од средниот ред Флорент Рамадани, кој потпиша двегодишен договор со црвено-белиот клуб.
25-годишниот фудбалер, кој потекнува од фудбалската школа на Шкендија, се враќа во клубот по само шест месеци. Во јануари оваа година, Рамадани замина во Дрита Гњилане во Косово, тим со кој успеа да дојде до шампионската титула.
Но, сега Рамадани повторно се враќа во Шкендија, каде денеска ќе се приклучи на тренинзите на тимот предводени од Артим Положани.
„Му посакуваме на Флорент Рамадани успешно враќање во црвено-црното семејство и многу успех во остварувањето на нашите заеднички цели“ – порачаа од Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
