Флорентино донел одлука – Солари нема да биде среќен

Сантијаго Солари успеа да ја крене атмосферата во таборот на Реал Мадрид по заминувањето на Хулен Лопетеги, но тоа по се изгледа нема да биде доволно за Аргентинецот да остане уште долго на „Сантијаго Бернабеу“. Според шпанските медиуми, претседателот Флорентино Перезвеќе донел одлука за иднината на овој стручњак, која нема да му биде по мерак на Солари со оглед на фактот дека тој ќе биде заменет по завршувањето на сезонава.

Главната замерка кон Солари е што нема доволен авторитет во соблекувалната, па фудбалерите повеќе го слушаат кондицискиот тренер Пинтус отколку шефот на стручниот штаб. Не е проблемот само во статусот на Иско, исто така и Асенсио делува загубено, Марсело е на излезна врата, а Бејл исто така го загуби статусот на првотимец. Флорентино е свесен дека не смее да ги загуби сите овие фудбалери, па затоа ќе бара нов тренер“ – објавија неколку шпански медиуми.

Според овие извори, Антонио Конте повеќе не се наоѓа на листата со желби на Флорентино поради односот во текот на преговорите пред Солари да биде именуван. Главна желба на „кралевите“ останува Маурицио Покетино, а доколку стратегот на Тотенхем повторно биде „недостапен за преговори“ тогаш вниманието ќе се насочи кон Масимилијано Алегри.

Се вчитува...