Флорентино Перез го загуби трпението со Родриго, па Бразилецот ќе може да биде продаден веќе во текот на јануарскиот преоден рок, доколку пристигне интересна понуда за зимски трансфер.
Крилниот офанзивец создаде тензија откако ја грееше клупата на стартот од сезонава, но во последните месеци тој добиваше шанса од тренерот Алонсо, но воопшто не ја оправда довербата. Впрочем, Родриго е без постигнат гол на последните 30 средби на кои настапил за „кралевите“, со што го израмни најнеславниот рекорд во историјата на голгетерите на шпанскиот гигант што е сопственост на Маријано Дијаз.
Реал минатото лето одби 70 милиони откако Родриго инсистираше да остане во клубот, но сега ситуацијата е поинаква. И самиот голгетер сака да си замине бидејќи не чувствува доверба од тренерот и раководството, но и Флорентино е подготвен да даде зелено светло за трансфер, по што парите би биле пренасочени за носење на нов голгетер. Воедно, цената на Родриго во јануари би изнесувала 60 милиои евра, во обид да се запре падот на вредноста на Бразилецот поради неговата слаба форма во изминатиот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

