Флорентино избрал тренер, не е ниту Зидан ниту Мурињо

Само една работа е сигурна за Реал Мадрид во моментов, дека Сантијаго Солари ќе остане на чело на „кралевите“ и викендов, водејќи го тимот на дуелот со Валјадолид. Ова според сите прогнози ќе биде и последниот меч на Солари на клупата на најтрофејниот европски клуб, а последните информации носат и големо изненадување кога станува збор за новиот тренер на Реал Мадрид.

Во последните 48 часа во игра беа две звучни имиња – Зинедин Зидан и Жозе Мурињо, со кои се преговараше веднаш да седнат на клупата на Реал, но мадридските медиуми сега тврдат дека во понеделник за предводник на „кралевите“ ќе биде именуван трет стратег. И тоа сосема изненадувачки – Кларенс Сидорф. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид е единствениот што се согласил на условите од страна на Флорентино Перез, договор до крајот на оваа сеезона.

Холанѓанецот нема преголемо тренерско реноме, неславно му завршија авантурите во Милан и во Ла Коруња, па работата во Реал му е идеална можност да си ја врати тренерската кариера во посакуваниот правец, дури и доколку престојот во Мадрид му трае неполни три месеци.

Критичарите на Флорентино Перез повторно гласно потенцираат дека Сидорф не е ништо подобро решение од она кога Солари беше доведен како привремен наследник на Лопетеги, па потоа и перманентно ја доби работата и на крајот разочара. Сепак, во ситуација кога врвните тренери бегаат од Реал, Сидорф е еден од ретките подготвени да го изгаси пожарот во следниот период, давајќи му време на првиот човек на клубот за нови преговори со Мурињо, Зидан, Покетино, Алегри… се додека не биде донесен врвен тренер на чело на клубот за подолг рок, почнувајќи од 1 јули 2019.

Се вчитува...