Флорентино: Ќе соработував со Барса, ако тоа беше нормален клуб

Флорентино Перез ја продолжува кампањата за да остане претседател на Реал Мадрид, за главен непријател на својот клуб посочувајќи го вечниот ривал Барселона.

Не така одамна Флорентино тврдеше дека овие два клуба треба да бидат пријатели и да влегуваат во заеднички проекти, но сега реториката е целосно променета.

„Точно е, говорев дека Реал и Барса треба да си помагаат. И доколку Барселона е нормален клуб, зошто не би соработувале. Јас ќе соработував, но тогаш дознавме дека 20 години давале мито на потпретседателот на судиската организација. Тоа промени се во нашиот однос и никогаш нема да се вратам на „Камп Ноу“. А што направија федерацијата и Ла Лига? Ништо, само го прикриваа случајот и не ги прашуваа клучните прашања што требаше да се постават“, жесток е Флорентино Перез на оваа тема.

Според првиот човек на Реал Мадрид, главна причина што неговиот тим остана без трофеј втора година по ред е – учеството на клупскиот мундијал минатото лето.

„Светското клупско првенство ни ја уништи сезоната. Немавме предсезона ниту нормални подготовки, по три месеци веќе имавме 28 повреди. Тоа ни е поука за во иднина. Сакам да играме на клупскиот мундијал, но не и цела сезона да ни пропадне поради тоа“, порача Перез.

Се вчитува...